
Актуелниот првак Шкендија од денеска повторно се активираше и го означи почетокот на зимските подготовки. Засега тимот на Бруно Акраповиќ го засилува Михаил Маневски од Брегалница, а си заминаа Алими, Хебај и Ќака.
Михаил Маневски потпиша 18-месечен договор, со опција за продолжување и на дополнителни две години.
„Со задоволство ја прифатив понудата на Шкендија, тоа е најдобриот македонски тим во изминатата деценија и голема чест за мене е да бидам дел од овој состав. Ќе се трудам секогаш да го давам максимумот и верувам дека ќе имаме многу заеднички успеси во Шкендија“, изјави Михаил Маневски.
Раководството на клубот преговара со неколку странци и дел од нив сигурно ќе се приклучат на составот за пролетниот дел од шампионатот.
По задолжителните медицински прегледи, тетовци ќе почнат со работа на својот стадион, а потоа ќе заминат на подготовки во Анталија каде ќе биде реализирана главната фаза, со одигрување и на неколку пријателски натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
