Младинскиот репрезентативец Али Адем многу веројатно ќе продолжи да го носи дресот на Шкупи и во пролетниот дел од шампионатот. Тој е фудбалер на грчкиот Арис кој во есенската полусезона настапуваше во дресот на Шкупи како позајмен играч. Првичниот договор имаше важност шест месеци, но раководството на Шкупи побара да го има Али Адем до крајот на првенството. Грчкиот клуб ќе излезе во пресрет на барањето на Шкупи.
Лидерот на табелата во Првата лига ќе ги стартува зимските подготовки в среда, на 5. јануари, а десет дена подоцна ќе замине во Анталија каде ќе ја реализира главната фаза од подготовките.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













