Заврши одморот за лидерот на табелата, тимот на Шкупи. Чаирчани в среда ги стартуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната, а на 15. јануари заминуваат за Анталија, каде ќе ја реализираат главната фаза и ќе останат до 2. февруари.
Гоце Седлоски и фудбалерите ќе бидат сместену во хотелот „Суено Делукс Белек“, а веќе се закажани и три пријателски натпревари.
Шкупи на 18 јануари ќе игра против полскиот Лех Познањ, на 26. јануари ќе ги одмери силите со Черноморец Одеса, а на 31. јануари ќе спарингува со Ахмат Грозни. Тренерот Гоце Седлоски планира пет теста во Анралија, а дополнително ќе бидат познати ривалите за термините на 23. и на 29. јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













