Фудбалерите на Брегалница официјалниот старт на зимските подготовки во пресрет на пролетниот дел од шампионатот ќе го означат официјално в среда, на 5. јануари.
Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски за 5. јануари го закажа првиот собир за првата фаза од зимскиот подготвителен период.
„Од самиот старт на подготовките со тимот ќе бидат и Љупче Кудев и Анџело Николовски кои се враќаат од позајмица од редовите на ФК Кит Го. А на подготовките на тимот ќе се приклучат и фудбалерите на Кит Го, Кире Трпчевски, Давид Бошевски и Зоран Андонов. Тие ќе ги минат подготовките со тимот, а од нив зависи како ќе се докажат и дали ќе обезбедат место за настап во составот на Брегалница“, изјави спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев, за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













