Connect with us

Столе Димитриевски експресно се одбрани од Ковид-19 и ќе брани против Атлетико Мадрид

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на експресен начин го победи Ковид-19 по вторпат и доби два негативни теста, а потоа и зелено светло за настап во дресот на Рајо Ваљекано на утрешното гостување против Атлетико Мадрид.


Чуварот на мрежата беше позитивен на коронавирусот на последното тестирање на 27 декември и замина во домашна изолација. Сепак, многу брзо се покажа дека ќе може да брани за Рајо и денеска беше дел и од тимскиот тренинг. Ла Лига му дозволи на Столе Димитриевски да може да застане на голот на шпанскиот тим.

Рајо Ваљекано кој има одлична сезона во Ла Лига утре му гостува на актуелниот шампион Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови