
Арменд Алими, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен член на Шкендија, е првото засилување за Работнички во зимскиот преоден рок. Искусниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со клубот од Дебар Маало и ќе биде големо засилување за тимот на Борче Христов во вториот дел од сезоната.
На Работнички тој треба да му донесе победнички менталитет, шампионски дух и потребното искуство, толку драгоцено за младиот состав на „романтичарите“.
„Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија и навистина не размислував премногу кога ја добив оваа понуда. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството и дека заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот. Ќе се потрудам максимално да им го пренесам моето искуство на помладите фудбалери на Работнички и верувам дека напролет ќе бележиме успеси. Сакам на сите фанови на клубот и на сите останати во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година“, изјави Арменд Алими за официјалниот сајт на клубот.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
