
Во пресрет на новогодишните празници Sport Life донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории.
Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Sport Life ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.
„Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници Sport Life својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство. Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата Година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите“, велат од Sport Life.
Sport Life како и досега, така и во иднина ќе продолжи со реализација на хуманитарни и општествено одговорни активности, за подобрување и унапредување на животот, спортот и за поддршка и помош на оние на кои таа им е најпотребна.
Комерцијален текст

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
