
Тажен ден за македонскиот фудбал, посебно за симпатизерите на ФК Вардар. На 87-годишна возраст почина легендата на најтрофејниот клуб, Ванчо Трпевски.
„Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на градските гробишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Почивај во мир татичко“, објави неговата ќерка Искра Трпева.
Трпевски е роден во 1934 година. Во Вардар го мина целиот работен и животен век. Беше играч, но и еден од најголемите тренери во „црвено-црните“ редови. Тој беше тренер на Вардар во сезоната 1993/94 кога тимот се закити со втората шампионска титула во независна Македонија.
Ванчо Трпевски најголем дел од тренерската професија ја посвети во младинската академија на ФК Вардар, но беше селектор и на младинските селекции на Македонија. По осамостојувањето беше и селектор на селекцијата на Македонија до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
