Актуелниот првак Шкендија спогодбено го раскина договорот со Рубин Хебај. Иако пристигна како големо засилување, напаѓачот не успеа тоа да го оправда на теренот и не се наметна како еден од лидерите во составот. Токму поради тоа, Хебај заминува од тетовскиот тим.
„Шкендија објавува раскинување на соработката со напаѓачот Рубин Хебај. Напаѓачот Хебај нема да биде дел од црвено-црниот тим, додека договорот за раскинување на соработката е билатерален.
Потсетуваме, Хебај во нашиот тим дојде во јануари годинава и со Шкендија ја освои титулата шампион на Македонија.
Шкендија му се заблагодарува на Рубин за придонесот во црвено-црниот дрес и му посакуваме здравје и многу успеси во кариерата“, објави клубот на официјалниот сајт.
Претходно, Шкендија спогодбено го раскина договорот и со Арменд Алими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













