
Ливерпул подготвува нов договор за Мохамед Салах, според кој тој треба да стане најплатениот играч во историјата на англиската Премиер – лига. Ако со согласи на нова соработка, Салах ќе добива неделна плата од фантастични 592.000 евра.
Раководството на Ливерпул сака да го задржи египетскиот интернационалец на „Енфилд“ и по истекот на актуелниот договор кој трае до јуни 2023 година.
Салах е брилијантен оваа сезона. На 24 натпревари постигна 22 гола и запиша девет асистенции. Египќанецот е во Ливерпул од 2017 година кога пристигна од Рома, а претходно беше член на Челси во Премиер – лигата.
Со актуелниот клуб ја освои Лигата на шампионите, стигна до уште едно финале во најсилното европско натпреварување, а го освои и трофејот во Премиер лигата со Ливерпул во 2020 година, кој клубот го чекаше цели триесет години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
