Единсон Кавани побара раскин на договорот со Манчестер Јунајтед. Уругваецот има договор до 30 јуни, го бара Барселона, но прво треба да го раскине договорот со Јунајтед за да дојде без обештетување.
Каталонците веќе го завршија Феран Торес, кој ќе му биде конкуренција на Осман Дембеле, иако се споменува дека Чави во него гледа „деветка“. Доколку дојде Кавани, би бил конкуренција на Мемфис Депај.
Кавани би потпишал договор на година и пол, а подготвен е и за помали примања за да ја заврши европската кариера во голем стил по Палермо, Наполи, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.
Кавани е подготвен да биде и во ротацијата, но верува дека подобро би се снашол во Барселона отколку во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal