
Фудбалерите на Шкендија денеска ги посетија децата со посебни потреби во Дневниот центар и во специјализираната паралелка што функционира во рамките на Основното училиште „Лирија“ во Тетово.
Егзон Бејтулаи и Флорент Рамадани, продолжувајќи ја традицијата да ги посетуваат децата во пресрет на крајот на годината, им доделија новогодишни пакетчиња.
Посакувајќи им на децата здравје и среќа во наредната година, фудбалерите на Шкендија ја пренесоа пораката дека сите заедно, што повеќе да ги промовираме општествените обврски кои секој од нас ги носи и заедно да изградиме позитивна атмосфера во државата во која живееме.






-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
