Најдобриот стрелец во Првата фудбалска лига по есенскиот дел од шампионатот, членот на Академија Пандев, Мартин Мирчевски, е пред трансфер во турскиот второлигаш Манисаспор, тврдат тамошните медиуми. По одичната есен во дресот на Академија Пандев, тој го привлече вниманието на повеќе клубови, а најзаинтересирана е Маниса.
Според турските медиуми, Манисапсор очекува да го реализира трансферот во првите денови на 2022 година.
Мартин Мирчевски постигна 16 гола на 18 натпревари во Првата лига за Академија Пандев, а во изборот на МАКФУДБАЛ е избран за најдобар фудбалер во есенскиот дел од првенството во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













