Актуелниот првак Шкендија нема така лесно да се откаже од трката за шампионската титула иако има осум бода негатива во однос на лидерот Шкупи по есенскиот дел од првенството. Раководството на клубот и тренерот Бруно Акраповиќ се надеваат дека со добар преоден рок и неколку засилувања можат да создадат тим што ќе ја “стопи” негативата во однос на Шкупи.
За таа цел се потребни странски засилувања. На Шкендија е понуден Јахмир Хика, квалитетен играч за врска кој го нарекуваат “албанскиот Меси”. Тој беше дел од Динамо Тирана, но замина на печалба во Кина и негов последен клуб е второлигашот Гижу.
Сега е во Европа повторно и води преговори со раководството на Шкендија. Доколку тетовци успеат да го ангажираат сигурно ќе биде големо засилување за тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













