Connect with us

Манчини: Мора да направиме се за да одиме на СП во Катар

Роберто Манчини останува оптимист за шансите на Италија да се пласира на Светското првенство во Катар следната година. Селекторот на европскиот првак смета дека „аѕурите“ малку повеќе се олабавиле во финишот на квалифиакциите за мундијалот.


Откако го освоија ЕВРО 2020 пред само неколку месеци, тие завршија на второто место во квалификациската група по Швајцарија, а на 24 март следната година ќе бидат ривал на Македонија во полуфиналето на мундијалскиот бараж.

„Направивме нешто несекојдневно, усреќивме милиони луѓе. Сите сме горди на триумфот на ЕВРО 2020. Но, Европското првенство е зад нас, сега треба да размислуваме за нешто друго. Малку се опуштивме и сега мораме да ги засукаме ракавите и да завршиме одлична работа во двата натпревари од мундијалскиот бараж. Но, јас останувам оптимист. Знаев дека групата со Швајцарија ќе биде тешка. Мислев дека ќе продолжиме, но знаев дека ќе биде тешко. Доминиравме на натпреварот во Базел, но ова е фудбал, за среќа се уште имаме шанси и мора да направиме се за да одиме во Катар“, продолжи селекторот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови