Португалскиот стратег Жозе Мурињо добил непристојна понуда, да предводи селекција на Африканскиот куп на нации кој стартува на почетокот на јануари.
Иако е на чело на Рома само неколку месеци, тој веќе добил понуда за промена на тимот. Претседателот на Фудбалската федерација на Нигерија призна дека имал средба со Португалецот со идеја тој да стане селектор на репрезентацијата. Сепак, нема информации за одлуката на Мурињо. „Супер орлите“ неодамна останаа без тренер откако Гернот Рор беше ослободен.
„Нема да ви кажам дека не разговаравме со Мурињо, затоа што разговаравме. Со него разговараше дури и нашиот министер за спорт“, изјави првиот човек на нигерискиот фудбал, Амају Пиник.
Шефот додаде дека контактирал со уште двајца потенцијални тренери, Хозе Пешеиро и Младен Крстајиќ.
Турнирот на Африканскиот куп на нации започнува на 9 јануари. Нигеријците итно бараат нов предводник, а во моментов привремено решение е Августин Егуавон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal