
Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг, кој во последниот ден од летниот преоден рок пристигна на позајмица од Севилја, вториот дел од сезоната ќе го помине во Кадиз. Ова е епилогот од договорот меѓу трите клуба.
Според шпанските медиуми, останува само фудбалерот да даде одобрение, со оглед дека напролет ќе мора да се бори за опстанок во лигата, бидејќи Кадиз е на претпоследното место.
Де Јонг целосно потфрли и беше јасно дека нема што да бара од Чави Хернандез по скромните изданија со Роналд Куман.
Се споменуваше преселба во Фенербахче, но се чини дека тој ќе остане во Шпанија, овојпат во Кадиз, каде за минутажа ќе се бори со искусниот Алваро Негредо.
Де Јонг постигна само еден гол на девет натпревари за Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
