
Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус донело многу проблеми во соблекувалната, тврди легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој долги години го бранеше голот на „старата дама“, а сега е член на Парма.
Тој смета дека Јуве по доаѓањето на Роналдо не бил истиот тим, а играчите не ја чувствувале истата одговорност во формирањето на групата која би се жртвувала на теренот.
„Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампионите во првата сезона со Роналдо. Бев тогаш во ПСЖ, па не знам што се случи и зошто не успеаја. Кога се вратив, две години добро соработував со Роналдо, но мислам дека Јувентус со го загуби тимската ДНК. Во 2017 дојдовме до финалето од ЛШ бидејќи бевме искусен тим, но пред се затоа што имаше жестока конкуренција за стартните места. Тоа го загубивме по доаѓањето на Роналдо“, изјави Буфон.
Ветеранот сега го брани голот на Парма и се уште нема намера да се откаже од фудбалот иако длабоко згазна во петтата деценија.
„Би сакал да играм во Мексико или САД. Би сакал да ја почувствувам атмосферата таму, дали како играч или како тренер. Ако ја освоев Лигата на шампионите, дефинитивно ќе се откажев од фудбалот многу порано“, дополни Буфон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
