
Искусниот дефанзивец на Лацио, Франческо Ачерби, доби закана од тврдокорните тифози на клубот да си замине од Рим. Тие преку соопштение му порачаа дека ќе биде исвиркуван на секој нареден натпревар, а потоа ќе бидат преземени и многу подрастични чекори, пренесуваат италијанските медиуми.
Се започна викендот кога Ачерби при прославата на голот во победата против Џенова направи гест, кој не им се допадна на навивачите, на кои фудбалерот одговори на критиките дека не се снашол најдобро во систем со четворица дефанзивци кој го форсира Маурицио Сари.
Лацио ја победи Венеција во средата, но навивачите ден подоцна му рекоа на Италијанецот дека повеќе не е добредојден во Рим.
Не беше доволно Ачерби да се извини во интервјуто по натпреварот, беше доцна да ги разнежни срцата на навивачите кои не му простија.
„Ачерби, човеку без чест, напушти го Рим веднаш! Не забораваме што направи. Ова е повеќе од парола. Тоа значи дека навивачите се многу повредни од играчите. Денешните играчи очигледно се навикнати на некои работи, но ние сме влегувале во соблекувалната поради некои играчи, дури и некои со многу повисоко реноме од поранешниот фудбалер на Сасуоло и на Киево“, остро порачаа тифозите.
Тие додадоа дека не ги интересира дали Ачерби е важен играч за Лацио, нагласувајќи дека единствено важно е што за нив повеќе не е добредојден во Рим.
Ачерби е член на Лацио од летото 2018 година, а претходно половина деценија играше во Сасуоло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
