Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски има одлична полусезона во Бугарија. Тој е стрелецот со најдобар голгетерски просек во првенството на Бугарија.
25-годишниот напаѓач на Ботев Враца постигна десет гола за својот тим и се наоѓа на второто место на овој ранкинг, но е убедливо прв според голгетерскиот процент на ефикасност. Од вкупно 38 упатени кон противничкиот гол, дури 25 пати ги погодил рамките на голот, а од тоа се изродиле и 10 погодоци. Исто така
Бабунски има изнудено е три пенали во првиот дел од сезоната во Бугарија.
За Дориан Бабунски имаат интерес најголемите клубови во Бугарија, а Ботев Враца за него бара отштета од 100.000 евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













