Connect with us

Гостивар се раздели со дури десетмина фудбалери

Македонскиот второлигаш Гостивар значително ќе го реновира играчкиот кадар во зимскиот преоден рок. Откако ги официјализираше договорите со две нови засилувања, Муарем Муарем и Енис Дервиши, раководството на Гостивар реши да ја раскине соработката со дури десет фудбалери.


Боите на Гостивар во пролетниот дел од сезоната нема да ги бранат Хиџрет Рушити, Бесир Бафтјар, Кадри Палоши, Клирим Селими, Талја Идризи, Урим Бајрами, Агон Елмази, Симер Хасан, Сунај Хасан и голманот Драган Мишовски, објави клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови