Connect with us

Реал беше десеткуван, ама Бензема беше фантастичен во Билбао (ВИДЕО)

Реал Мадрид брзо им се врати на победите во Ла Лига откако во минатото коло ремизираше без голови против Кадиз дома. Тимот на Карло Анчелоти иако беше десеткуван, со многу изостаноци поради коронавирусот, сепак, успеа да слави многу важен триумф.

Карим Бензема беше спектакуларен, ги постигна двата гола, а првиот беше вистинско ремек дело. Французинот погоди во четвртата и во седмата минута, а надежта за Атлетик Билбао ја врати Охиан Сансет во десеттата минута.

До крајот немаше голови, а „кралевите“ ги освоија трите бода. Сега имаат осум бода повеќе и еден меч повеќе од Севилја која е на второто место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови