Наполи бадијала победи на „Сан Сиро“ против Милан кога веќе во следното коло, вечерва, загуби во Неапол од Специја со 0-1. Хуан Жесус си постигна автогол во 37.минута, а „наполитанците“ не успеаја да одговорат до крајот на мечот. Елиф Елмас доби шанса во 78.минута на местото на Станислав Лоботка, но неговиот тим мораше да се помири со пораз. Елмас беше блиску до погодок, но ја погоди гредата од противничкиот гол.
Милан го искористи поразот на Наполи и славеше со 2-4 на гости против Емполи и повторно е на втората позиција со 42 бода.
Франк Кеси беше двоен стрелец за „росонерите“, а погодија и Алесандро Флоренци и Тео Хернандез. За Емполи стрелаа Бајрами и Пинамонти.
Лидерот Интер претходно го совлада Торино со 1-0, со голот на Дензел Дамфрис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













