Џенова се наоѓа во „зоната за испаѓање“ во Серија А и тренерот Андриј Шевченко бара од раководството да доведе неколку засилувања за вториот дел од сезоната. Украинскиот стратег сака да го засили средниот ред, а една од неговите најголеми желби е Миралем Пјаниќ, екс – -играчот на Рома и на Јувентус.
Репрезентативецот на БиХ во јануари би можел да ја прекина позајмицата во Бешикташ и да се врати во Барселона, а раководството на Џенова има намера да го искористи фактот што тој нема да остане на „Камп Ноу“.
Џенова ќе се обиде да го доведе Пјаниќ на позајмица за вториот дел од сезоната. Многу лесно може да се случи тој да стане нов соиграч на Горан Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













