Челниците на Ла Лига усвоија нови правила и упатства, поради зголемениот број на заразени со коронавирусот во Шпанија и во Европа, објавија денеска шпанските медиуми.
Според новите правила, играчите и членовите на стручниот штаб ќе треба да прават антигенски тест секој ден, пред тренинг или спортски активности, а во овие мерки се опфатени и членовите на второлигашките екипи.
Пред да се вратат од претстојниот божиќен одмор, играчите ќе треба да направат ПЦР – тест.
Регионалните власти ќе имаат право да одлучат колку долго играчите ќе бидат во изолација, доколку се позитивни на коронавирусот.
Покрај новите мерки, на клубовите им се советува играчите да избегнуваат престој во соблекувалната, за да ги ограничат контактите.
На играчите им беше препорачано да дојдат на тренинг следејќи ги правилата кои важеа за време на екот на пандемијата на коронавирус во земјата, а исто така беше препорачано да се тушираат по натпреварот дома или во хотел.
Во претходниот период, неколку фудбалери на Реал Мадрид и на Атлетик Билбао беа заразени со коронавирусот во шпанскиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













