
Осман Дембеле на крајот сепак реши да остане во Барселона. Како што наведуваат каталонските медиуми, агентите на Дембеле и управата на Барса се блиску до конечен договор.
Проблем беа приходите, Дембеле досега имаше годишна заработка од 12 милиони евра што не ја оправда, а дополнително многу играчи се согласија да ги намалат платите поради финансиската криза.
Барса на Дембеле му понуди формула според која тој би имал помала основна плата, околу 7 милиони евра, но преку бонуси, во зависност од игрите и учинокот, може повторно да заработува до 12 милиони евра годишно.
Агентите на Дембеле упорно бараа повеќе пари, Барса ја подигна понудата со вклучен бонус од 4 милиони евра за потпис, затоа што Њукасл му понудил 15 милиони евра.
Сепак, клучниот детал во преговорите е дека ќе потпише и краткорочен договор, на три години, со што Французинот ќе има поголема контрола врз кариерата.
Се очекува Дембеле официјално да го потпише договорот пред Нова година, на 29 декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
