
Стадионот во Битола во иднина да го носи името на прерано починатата македонска фудбалска легенда Петар Милошевски. Оваа иницијатива официјално ја поведе Здружението на граѓани и членови на ветераните на ФК Пелистер поднесувајќи барање до Советот на Општина Битола кое ќе се разгледува на 27 декември (понеделник).
Стадионот „Под Тумбе кафе“ се реновира и ќе добие нов лик и нова модерна трибина, а Петар Милошевски кој прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа апсолутно заслужува неговото име да биде вечно дел од овој фудбалски објект каде и ја почна кариерата.
„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежи, но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“, стои во барањето.
Се очекува барањето да биде прифатено, па стадионот во Битола да биде именуван во чест на македонската фудбалска легенда.
Петар Милошевски ненадејно почина на 13 март 2014, на 40 – годишна возраст. Во кариера го бранеше голот на Пелистер, Вардар, Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Енозис. Тој повеќе од една деценија беше македонски репрезентатовец, одигра 59 натпревари за националниот тим и ќе остане запаметен како еден од најдобрите македонски голмани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
