
Реал Мадрид имаше голем „кикс“ во борбата за титулата без Лука Модриќ во составот на својот „Бернабеу“ во неделата. Против Кадиз ја прекина серијата од десет победи играјќи без голови.
Иако Реал беше надмоќен во текот на целиот натпревар и имаше многу шанси, не можеше да постигне гол. Шпанските медиуми тврдат дека токму Лука Модриќ му недостигаше на Реал за да дојде до нова победа, со која повторно ќе и побегне на Севилја на осум бода разлика.
Модриќ прво беше позитивен на коронавирус минатата недела, а потоа негативен во петокот. Поради замор и температура го пропушти натпреварот против Кадиз.
„Дали ни недостасуваше Модриќ? Лука е многу важен играч за нас, игра фантастично. Имаше проблеми оваа недела… Здравјето е најважно и сите мораме да се бориме со овој вирус“, изјави веднаш по натпреварот, тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Модриќ нема да биде во тимот и утревечер против Атлетик Билбао.
„Лука нема да игра утре. Не е важно дали е позитивен или негативен, не се чувствува добро. Се надевам дека се ќе биде в ред кога ќе се вратиме по празниците“, изјави Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
