Фудбалерот Лацио, Чиро Имобиле, е позитивен на коронавирус. Италијанскиот напаѓач беше во самоизолација откако неговата сопруга Џесика беше позитивна, па го пропушти претходниот натпревар од Серија А против Џенова (3-1).
„Газета дело спорт“ наведува дека 31-годишниот играч сега е позитивен и ќе го пропушти следниот натпревар што тимот го игра на гости против Венеција.
Имобиле беше позитивен на коронавирус пред една година, а потоа пропушти два натпревари во Лигата на шампионите против Клуб Бриж и Зенит, за да игра во Серија А против Торино меѓу тие два натпревари, кога постигна гол. Лацио тогаш не беше казнет, но нивниот претседател Клаудио Лотито беше суспендиран на два месеци, додека клупските лекари беа суспендирани на пет месеци.
Римскиот клуб е на осмото место во италијанската лига со 28 бодови по 18 одиграни натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













