Актуелниот првак Шкендија ќе се обиде квалитетно да се засили во зимскиот преоден рок и во пролетниот дел од сезоната ќе го нападне Шкупи, кој ја заокружи есента со осум бода пред тетовскиот тим. Бразилецот Андре Менсалао ќе биде првото засилување за Шкендија.
Тој е во Тетово, одработи неколку тренинзи и се очекува да потпише двегодишен договор. Во Шкендија доаѓа од ерменскиот клуб Севан, има 31 година и игра на позицијата офанзивен играч за врска. Според карактеристиките, се работи за брз фудбалер со одличен преглед на играта и добар изведувач на слободни удари.
Шкендија е во завршни преговори и со Сефер Емини. Тој се врати на позајмица во Македонија ЃП, но е фудбалер на рускиот клуб Акрон Тољати. Шкендија сака комплетно да го откупи, а тој има договор до 30 јуни 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













