Вардар дополнително се зацврсти на врвот од табелата со пет бода предност во однос на второпласираната Академија Пандев откако славеше со 2-0 против Ренова, а „пандевци“ ремизираа со Работнички. Шкендија конечно заигра реализаторски со 4-0 славејќи на дуелот против Борец. Силекс стигна до значајна гостинска победа од 0-1 против Македонија ЃП.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 13. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. ДАНИЕЛ БОЖИНОВСКИ (СИЛЕКС)
Голманот на кратовци имаше одличен ден. Сигурен на голот на Силекс, значајно допринесувајќи за триумфот со празна мрежа на гостувањето против Македонија ЃП.
2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (СИЛЕКС)
Во низа нова добра игра на Тимовски кој имаше одлична дефанзива во Ѓорче Петров, сето тоа со максимално контрола и на средината од теренот каде се „кршеше резултатот“.
3. АРБЕН ТАФЕ (СТРУГА ТЛ)
Одбраната на Струга ТЛ во голема мера заврши одлична задача за реми без голови на гостувањето против фаворитот Шкупи, а Тафе тука со значајна улога.
4. ЕВГЕНИЈ НОВАК (ВАРДАР)
Столбот на одбраната на Вардар повторно на висина на задачата, беспрекорно завршувајќи си ја својата работа во победата над Ренова.
5. ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ (СИЛЕКС)
Творецот на победата на Силекс. Мајсторски реагираше пред голот на Македонија ЃП за три бода на кратовци.
6. СЕБАСТИЈАН ХЕРЕРА (РАБОТНИЧКИ)
Еден од најзабележителните во составот на „романтичарите“ на гостувањето против Академија Пандев. По неговиот удар следеше погодокот на Работнички за бод.
7. ЈОВАН ПОПЗЛАТАНОВ (ВАРДАР)
Максимално активен во средниот ред, постојано учествувајќи во офанзивата па стрелец и на вториот гол за триумф на Вардар.
8. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
Играчот на натпреварот во победата против Борец. Постигна три убави погодоци во убедливиот триумф од 4-0.
9. НИКОЛЧЕ ШАРКОСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Успеа да постигне гол, по шутот на Херера, со кој Работнички конечно стигна барем до бод во шампионатот, и тоа против една од најдобрите екипи во првенството.
10. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)
Во континуитет најдобар во вардаровиот состав. Имаше неколку одлични можности за погодок, реализираше една со која Вардар ја најави победата против Ренова.
11. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Заедно со Алими најактивниот во нападот на Шкендија. Стрелец и на еден гол во убедливата победа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal