Академија Пандев е најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Успеа да го освои второто место и се уште е кандидат во трката за шампионската титула. Клучниот потег го направи изминатото лето, кога го ангажираше Мартин Мирчевски, крилниот напаѓач кој од Вардар пристигна во Струмица и направи „бум“.
Мирчевски постигна дури 16 гола на 18 првенствени натпревари и го предводеше тимот на Академија Пандев во најголем дел од успесите. Успешен реализатор, главен двигател во навалната линија, смирен и од белата точка. Тренерот Александар Васоски во него го имаше главниот адут во првенствените битки, а тој максимално успешно ја презеде одговорноста.
Мартин Мирчевски е избран за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА во елитната конкуренција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













