Connect with us

МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА!

Шкупи обезбеди сериозна предност по првиот дел од сезоната, а Академија Пандев е најпријатното изненадување. Струмичани успеаја да се вметнат меѓу главните кандидати за титулата, Шкупи и Шкендија. Актуелниот шампион секако можеше повеќе и е разочарување.


Брегалница покажа дека може да се носи дури и со најдобрите во елитата и ќе презими на четвртата позиција, а Ренова, Македонија ЃП и Струга Трим Лум се во „златната средина“.

Работнички сигурно може многу повеќе од тоа што го прикажа оваа есен, Скопје ќе се бори да го избегне баражот, а сигурно најголемо разочарување е Пелистер кој цела есен не успеа да обезбеди ниту една победа.
Тиквеш живна по доаѓањето на Влатко Костов, а Борец живурка и се надева дека може да го избегне најлошото.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за првиот дел од првенството во Првата лига, а во него дури шестмина се странци кои настапуваат во македонскиот шампионат.

МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА

  1. КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
  2. ФАУСТИН СЕНГОР (ШКУПИ)
  3. ЈАН КРИВАК (ШКЕНДИЈА)
  4. КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТЛ)
  5. ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
  6. ЕРМЕДИН АДЕМ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
  7. РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ (РЕНОВА)
  8. ФРЕДИ АЛВАРЕЗ (ШКУПИ)
  9. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
  10. САНДЕЈ АДЕТУНЏИ (ШКУПИ)
  11. СИНДРИТ ГУРИ (ШКЕНДИЈА)

ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: ГОЦЕ СЕДЛОСКИ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови