
Поранешниот капитен Филип Гачевски се врати во Вардар. Како што претходно најави МАКФУДБАЛ, тој се враќа да го засили тимот во обидот за експресен камбек во елитата. Покрај Гачевски, и Дарко Мицевски сигурно се враќа во Вардар, а пред потпис е и Бенјамин Демир.
Гачевски денеска потпиша тригодишен договор со клубот.
„Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити.”, изјави Филип Гачевски.
Тој откако замина од Вардар се пресели во кипарскиот клуб Енозис, а по една и пол година ќе се врати во „црвено-црните“ редови.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
