Бујар Ислами замина од тренерската позиција на второлигашот Беса. Ислами и раководството на клубот не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.
„Фанови и љубители на Беса, ве информираме дека после неколку преговори, не најдовме заеднички јазик околу договор со Бујар Ислами, и нема да соработуваме во пролетниот дел од сезоната. Клубот му се заблагодарува на Ислами и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Ислами исто така се заблагодари на соработката, на раководството и на фудбалерите и му посака на тимот успешна иднина“, се вели во соопштението на Беса.
Бујар Ислами во минатото беше тренер и на Ренова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













