
Струга Трим Лум и Ренова денеска (13 часот) треба да го одиграат одложениот натпревар од 18.коло во Првата фудбалска лига. Пред два дена немаше услови за одигрување на мечот поради снежниот терен, но домаќинот се потруди денеска да биде многу подобро од тој аспект.
Фудбалерот за врска на Струга ТЛ, Немања Босанчиќ, посакува победа за крај на есента.
„Нè очекува еден тежок натпревар, кој за нас е многу важен. Доаѓа супер тим како Ренова, но нашата цел е јасна, сакаме да одиме на одмор со уште три бода. За натпреварот сме максимално мотивирани и мора да дадеме и повеќе од 100% од нашите сили. Ако го сториме тоа верувам дека на пауза ќе заминеме со победа“, изјави Босанчиќ.
Струга Трим Лум се наоѓа на седмата позиција со 23 бода, додека Ренова е на петтото место со 27 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
