
Шкупи на најдобар можен начин, со убедлив триумф (0-3) против Борец во Велес го заокружи есенскиот дел од првенството и ја задржа предноста во однос на ривалите. Шкендија и Академија Пандев остварија минимални победи над Скопје и над Пелистер, а Македонија ЃП триумфираше (1-2) против Работнички во скопската градска пресметка.
Мечот меѓу Струга Трим Лум и Ренова е одложен за вторник поради снежен терен.
Сандеј Адетунџи беше двоен стрелец на дуелот во Велес. Го доведе Шкупи во водство во 20.минута, а потоа зголеми и на 0-2 во 70.минута. Марко Ѓорѓиевски во 87.минута го постави конечниот епилог.

Шкендија успеа да го скрши отпорот на Скопје со голот на Синдрит Гури во 69.минута. Теренот во Тетово иако исчистен, сепак, имаше остатоци од снег.
Академија Пандев со крајни напори стигна до минимален триумф (1-0) против Пелистер на калливиот терен во Струмица. Фарук Бихорац во 89.минута беше стрелец на голот за „пандевци“.

Македонија ЃП го совлада Работнички со 1-2 на Националната арена „Тодор Проески“. Во 16.минута, Арби Воша го отвори резултатот откако се најде на вистинското место по шутот на Сефер Емини и одбиената топка од Ристе Јанков. Ермедин Адем во 55.минута со удар од 20 метри зголеми на 0-2, а Работнички ја врати надежта со убавиот гол на Марјан Ристовски во 62.минута. Само три минути подоцна, Бујар Хајдари со удар со глава ја погоди гредата од голот на Македонија ЃП.
Во финишот, Ристе Јанков му одбрани пенал на Ермедин Адем, но бодовите сепак заминаа за Ѓорче Петров.
Вчера, Брегалница го совлада Тиквеш во Кавадарци со 1-3.
ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 1-0
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2
БОРЕЦ – ШКУПИ 0-3
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ВЧЕРА: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-3
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (ОДЛОЖЕНО ЗА ВТОРНИК)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
