
Наполи го совлада Лестер со 3-2 на стадионот „Диего Марадона“ и го обезбеди второто место во групата Ц од Лигата на Европа кое води во 1/16-финалето од нокаут рундата. Првото место му припадна на Спартак Москва кој славеше со 0-1 против Легија во Варшава, а полскиот тим не искористи пенал во последните мигови од мечот.
Елиф Елмас е херојот на Наполи. Тој беше двоен стрелец за „наполитанците“ на овој меч постигнувајќи голови во 24. и во 53.минута. Адам Оунас во четвртата минута донесе водство, а Лестер израмни преку Еванс и Дусбери-Хол.
Реал Сосиедад го совлада ПСВ Ајндховен со 3-0, со двата гола на Ојарзабал и погодокот на Сорлот, а Спарта Прага беше подобра од Брондби (2-0). Лион и Глазгов Ренџерс ремизираа 1-1, а идентичен резултат имаше и на мечот Штурм – Монако.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
