
Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, кој е еден од антивакцерите за Ковид-19 во германскиот првак, нема да може да игра до крајот на декември поради физички последици и изнемоштеност од инфекцијата на коронавирусот. Тој беше изолиран во изминатиот период, а сега полека се враќа во нормала, но не смее да тренира.
„Среќен сум што заврши карантинот. Добро сум, но се уште не можам да тренирам поради мала дисфункција на белите дробови“, изјави 26-годишниот фудбалер.
Кимих сигурно ќе ги пропушти последните три натпревари од првенството, кои се играат во декември – дома против Мајнц (11 декември) и Волфсбург (17 декември) и на гости кај Штутгарт (14 декември).
Последниот натпревар за клубот го одигра на 6 ноември против Фрајбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
