
Францускиот прволигаш Лион има исклучително лоша сезона, моментно е на 12. место во домашното првенство, што е крајно поразително за овој клуб.
Згора на тоа, пристигнаа и нови лоши вести. Легендата на Лион, Жунињо Пернамбукано, одлучи да поднесе оставка од функцијата спортски директор. Неговата одлука е неотповиклива и ќе стапи на сила во јануари.
Неговиот тригодишен договор истекува следното лето, но тој реши да поднесе оставка и да ја преземе одговорноста за лошите резултати.
„Тоа е најдобро за мене и за клубот кој ќе има повеќе време да се подготви за следниот чекор. И мојата желба е да застанам, да се одморам, затоа што тоа ми е многу потребно. Од првиот ден, мојата идеја беше да останам три сезони и ништо повеќе. На ова место има огромен притисок, а јас не сакам да ги надминам моите можности“, изјави Жунињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
