Connect with us

Арсенал го враќа Вајналдум во Премиер – лигата?

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го врати Џорџинио Вајналдум во Премиер – лигата. Менаџерот Микел Артета смета дека одличниот Холанѓанец би се вклопил одлично во тимот на „топчиите“ и ќе се обиде да го доведе веќе во јануари.


Вајналдум во неколку наврати изјави дека згрешил кога заминал во Париз и сега би можел да се врати во Премиер – лигата. Англиските медиуми шпекулираат дека ПСЖ би можел да дозволи Вајналдум да оди на позајмица, а прв во редот е Арсенал, иако тој е желба и на Њукасл.

Знаењето и искуството на Вајналдум би биле добредојдени за составот на Арсенал, а Микел Артета би можел да создаде одличен тандем во средниот ред заедно со Томас Парти.

Холандскиот репрезентативец повторно јавно проговори за својата ситуација, бидејќи само десет пати беше стартер во дресот на ПСЖ и не ја очекуваше улога на резервист во Париз.

„Играв многу повеќе низ годините и секогаш се вклопував и ги исполнував барањата. Ова е нешто сосема поинакво од тоа на што сум навикнат. Бев оптимист за нов предизвик во кариерата, а потоа се случи ова. Не е лесно и ќе продолжам да се борам да ги свртам работите во моја корист“, изјави Вајналдум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови