Големото дерби заврши со среќен крај за Шкупи. Шкендија имаше водство до пред самиот крај, но магијата на Фреди Алварез пресуди сепак тимот од Чаир да не ја загуби големата пресметка.
Работнички конечно ја прекина лошата серија и успеа да го освои Штип, а Македонија ЃП ја „начека“ Академија Пандев и до врв им ја наполни мрежата.
Тиквеш покажува дека може да биде сериозно конкурентен, но затоа Пелистер е давеник кој забрзано се движи кон Втората лига.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 17.коло во Првата фудбалска лига. Го предводи стратегот на Работнички, Борче Христов, кој ја оствари првата победа на кормилото на „романтичарите“.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 17.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА!
- КОСТАДИН ЗАХОВ (ШКЕНДИЈА)
- АЛЕКСАНДАР ВАРЕЛОВСКИ (ТИКВЕШ)
- МАРИО МЛАДЕНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
- АЛЕКСАНДАР ПОЗЊАК (РАБОТНИЧКИ)
- БУРХАН МУСТАФОВ (РЕНОВА)
- ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
- АРБИ ВОША (МАКЕДОНИЈА ЃП)
- ФРЕДИ АЛВАРЕЗ (ШКУПИ)
- МАРЈАН РИСТОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
- СИНДРИТ ГУРИ (ШКЕНДИЈА)
- ХРИСТИЈАН КИРОВСКИ (СКОПЈЕ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: БОРЧЕ ХРИСТОВ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal