
Барселона по две децении не успеа да ја мине групната фаза во Лигата на шампионите откако загуби убедливо (3-0) од Баерн Минхен на „Алијанц арена“. Германскиот шампион го заврши натпреварувањето во групата Е со сите шест победи, додека Барселона не ја мина групата првпат од ноември 2000 година.
Резултатската криза во Барселона продолжи, а се чини дека Томас Милер ја даде нејпрецизната квалификација за тоа што му недостига на каталонскиот тим оваа сезона.
Милер, по натпреварот, изјави дека Барселона има играчи кои технички се на ниво на Баерн Минхен, а потоа ја нагласи главната разлика меѓу двата клуба.
„Мое мислење е дека Барселона не може да го следи интензитетот на играта. Имаат се, технички и тактички тие се одлични играчи, но не можат да се справат со интензитетот на фудбалот на највисоко ниво“, изјави Томас Милер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
