
Јувентус го освои првото место во групата Х во Лигата на шампионите откако го победи Малме со 1-0 во Торино, а го дочека и ремито на Челси (3-3) на гостувањето кај Зенит. Сепак, тренерот Масимилијано Алегри не е задоволен од играта на својот тим и вели дека ако продолжат така – нема да стигнат далеку до елитното европско натпреварување.
„Одлична вечер за нас кога е резултатот во прашање, го освоивме првото место на табелата во групата, но повторно не искористивме премногу стопроцентни шанси. Нема да стигнеме далеку во ЛШ ако продолжиме да го правиме ова. Мора да бидеме убиствени во противничкиот шеснаесетник“, изјави Алегри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
