
Барселона доживеа елиминација уште во групната фаза од Лигата на шампионите и како третопласиран тим во групата Е ќе се пресели во Лигата на Европа. Ова се случува првпат по цели 20 години. Баерн Минхен го победи каталонскиот тим со 3-0 на „Алијанц арена“ со головите на Томас Милер, Лирој Сане и Џамал Мусијала.
Посебно убав беше погодокот на Лирој Сане кој во 43.минута упати силен удар од 30 метри и буквално го „пробуши“ Тер Штеген.
Бенфика го совлада Динамо Киев со 2-0 со головите на Јаремчук и на Жилберто и обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ.
Лил го совлада Волфсбург на гости со 1-3 и го обезбеди првото место во групата Г. Бурак Јилмаз, Џонатан Дејвид и Анхел Гомеш беа стрелци на головите за францускиот првак.
Салцбург е вториот тим од оваа група кој патува во осминафиналето откако ја совлада Севилја со 1-0, со голот на Ноа Окафор. Севилја се сели во Лигата на Европа, нејзиното „омилено“ натпреварување.
Утре ќе бидат познати сите патници, со оглед дека поради снежни врнежи е одложен мечот Аталанта – Вилјареал. Манчестер Јунајтед ремизираше против Вилјареал (1-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
