Connect with us

Чкембари со апел за спас на ФК Пелистер: Потребна е јасна стратегија за клубот

Македонскиот прволигаш Пелистер нема победа и по 17 кола од шампионатот и убедливо е закован на последното место на табелата. Денеска битолскиот тим загуби од Борец со 1-3 на „Тумбе кафе“.
Навивачката група „Чкембари“ излезе со апел за спас на ФК Пелистер.


„За да ја разјасниме целата ситуација во клубот и нашата улога во иститот ќе одиме по хронолошки редослед. Уште во јануари оваа година претходниот претседател на клубот Пеце Стојчевски испрати барање до Општина Битола дека нема веќе финансиски средства да го раководи клубот и замоли за изнаоѓање на решение за истиот. Тогашната управа сите финансиски средства од Општина Битола предвидени за користење за цела календарска година ги искористи до месец мај, односно до завршување на натпреварувачката сезона. Пред почетокот на наредната сезона клубот остана без играчи и со одреден долг кој се закануваше на Пелистер дека доколку истиот не го подмири ќе биде исфрлен од Првата лига. Со наша заложба на состанок со тогашната градоначалничка излобиравме за финансиски средства кои го покрија тој долг. Пред почетокот на сезоната се соочивме со управа во оставка, клуб без фудбалери и празна каса. Ние како група во тој период остваривме неколку состаноци со бизнисмени, од почит кон нив имињата не им ги споменуваме, со фудбалски менаџери, легенди на Пелистер… Многу идеи, но и далеку од конкретен чекор за решавање на прашањето на Пелистер. Потоа се појави и Христо Кондовски кој донираше 500.000 денари, средства кои беа доволни за да можеме да регистрираме какви такви фудбалери, само да не играме со младинци. Потоа дојде и до преговори помеѓу Кондовски и Стојчевски за целосно превземање на клубот. Во преговорите не бевме вклучени, но знаевме дека се одвиваат. Дојде до договор, и фирма предводена од Коруновски го презеде раководењето со Пелистер. Како решение против кое ние немавме ништо против, им посакавме среќа и умешност за во иднина. Дојдоа и локалните избори. Домашниот есап на некој не му излезе на пазар и како по обичај жртва е тука ФК Пелистер. Во меѓувреме клубот остваруваше ужасни, односно остварува ужасни резултати, на кои ние НЕ ОСТАНАВМЕ НЕМИ. Бевме повикани од многумина како новата управа нас не изневери и ние не сме реагирале. Но, еве ја вистината. Новата управа редовно ги подмирува финансиските барања, но нема ни план ни стратегија како понатаму, нема резултати… Најпрво остваривме средба со новиот градоначалник Коњановски и секретарот Димитровски. На истата им ја објаснивме ситуацијата во која се наоѓа клубот. Потоа остваривме и средба со Кондовски и Коруновски, на која ни беше презентирана нивната замисла, но и потреба од директна соработка со Општина Битола. Исто така ни беше и кажано дека клубот имал некои долгови кон фирма на Пеце Стојчевски. Ги повикуваме надлежните органи да проверат како е можно сопственикот на клубот сам на себе да си фактурира сметки од друга негова фирма. Истите не ги подмирил и сега бара друг да му ги исплати, а се направени додека тој самиот беше сопственик. Потоа организиравме и средба меѓу Пеце Милевски и Коруновски. На истата беа и прзентирани двете гледишта како понатаму со ФК Пелистер. Најавени се и директни и конкретни средби за во блиска иднина меѓу двете страни.
Ја замолуваме Општина Битола, како институција кој располага со средства од граѓаните и е задолжена да го штити јавниот интерес на граѓаните, а Пелистер е од јавен интерес да се заангажира и да не се откажува од клубот во која е и самата сопственик. Ја замолуваме и сегашната управа, да продолжи да го управува клубот да се избори да најде заедничко решение со Општината се додека не се изнајде некое подобро и трајно решение“, се вели во соопштението на Чкембари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови