Лидерот Шкупи денеска (13 часот) го пречекува големиот ривал Шкендија на Чаир и се подготвува за прослава на есенската титула. Тимот на Гоце Седлоски, сепак, е максимално фокусиран на големата пресметка, а дефанзивецот Фаустин Сенгор вели дека ова е македонското „Ел Класико“.
„Ова е македонското „Ел Класико“, дуел на главните кандидати за титулата. Така и му приоѓаме, подготвени и тактички и физички. Ќе биде добар натпревар, а ние сакаме да дојдеме до три бода на Чаир, во нашиот дом. Присуството на нашите навивачи на стадионот ќе ни ја олесни работата, бидејќи нивната поддршка е огромна и ни дава дополнителна сила“, вели Фаустин Сенгор пред дербито со Шкендија.
Влезот за навивачите на Чаир е слободен, а Шкупи ги покани и фановите на Шкендија да присуствуваат на дербито.
Во Штип, интересен дуел ќе имаат Брегалница и Работнички, а Струга Трим Лум ќе гостува на Автокоманда против Скопје.
Ренова во Тетово е домаќин на Тиквеш, додека Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека составот на Академија Пандев. Пелистер се уште е во потрага по првата победа, а денеска ќе го нагости Борец.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (13 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РЕНОВА – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













