
Молдавскиот тим Шериф Тираспол ремизираше (1-1) против Шахтјор Доњецк во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а израмнувачкиот погодок го постигна македонскиот репрезентативец Бобан Николов во судиското продолжение од мечот. Тоа е дебитантски гол за Николов во Лигата на шампионите.
Шериф заврши на третата позиција во групата, веднаш зад Реал Мадрид и зад Интер, и ќе продолжи со натпреварување во Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец е среќен за голот, но и горд на настапите на Шериф во ЛШ.
„Шериф докажа дека е квалитетен тим, дека не беше склучаен ниту триумфот над Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и заслужено ќе играме во Лигата на Европа. Среќен сум за резултатот што го оствари тимот и на овој меч, секако и за постигнатиот гол. Но, без разлика кој ќе погоди, најважно е Шериф да ги бележи посакуваните резултати и да ја остварува целта. Засегани оди одлично. Го заокруживме на најдобар начин настапот во Лигата на шампионите и сега се фокусираме на новите предизвици“, изјави Бобан Николов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
