Алесио Лиски е назначен за тренер на Леванте до крајот на сезоната, објави официјалниот сајт на шпанскиот клуб. Тој ќе му биде тренер на македонскиот репрезентативец Енис Барди во обидот да обезбедат опстанок во Ла Лига.
Претходно, Лиски работеше со тимот како привремен тренер. Детали за договорот не се објавени.
36-годишниот Италијанец го наследува Хавиер Переира, кој си замина на 30 ноември.
Лиски пред тоа беше тренер на Атлетико Леванте, вториот тим на клубот кој настапува во Втората лига на Шпанија.
Леванте се наоѓа на последното 20. место во Ла Лига со осум освоени бода по 16 одиграни натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













