
Фатих Терим, легендарниот 68-годишен турски фудбалски стратег и актуелен тренер на Галатасарај, заврши во болница поради гастроентеритис. Тој во последните неколку дена имал посериизни здравствени проблеми и мораше да биде хоспитализиран.
Неговиот тим Галатасарај се подготвува за последниот натпревар во групата Е од Лигата на Европа, го очекува дуел со Лацио во Рим. Турскиот тим моментно е на првото место и има три бода повеќе од Лацио, но римјаните ќе застанат на врвот и ќе се пласираат директно во осминафиналето доколку слаат на дуелот в четврток.
Фатих Терим, кој беше селектор на Турција во три наврати во кариерата, но и тренер, меѓудругите и на Милан и на Фиорентина, последен пат беше во болница откако се зарази со коронавирус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
